Трајно обележување на производите

Точкасто обележување на метали, гравирање и ласерско обележување на трајни ознаки
sic marking dot peen e-mark evo

Трајно обележување на производите за целосна следливост и долгорочна идентификација

Сериските броеви, VIN ознаките, DataMatrix и QR-кодовите, логоата и другите информации за идентификација мора да останат читливи во текот на целиот животен век на производот – без оглед на абењето, високите температури, хемикалиите или тешките услови за работа.

SIC Marking нуди напредни решенија за индустриско трајно обележување на метали, пластика и други материјали , користејќи технологии за означување со точки или микроперкусија (dot peen), врежување (scribe) и ласерско обележување. Овие системи овозможуваат брзо, прецизно и трајно обележување на компоненти во различни гранки на индустријата, со лесна интеграција во производствени линии или самостојни работни станици.

Комплетни решенија за трајно обележување

Без разлика дали ви е потребно длабоко гравирање на метални делови, тивко врежување на тврди материјали или високопрецизно ласерско обележување, SIC Marking разви технологии кои се прилагодуваат на вашиот производствен процес, вид на материјал и барања за следливост. Од преносни уреди и работни станици до целосно интегрирани системи за автоматизирани производствени линии, ние нудиме решенија кои гарантираат трајно и сигурно обележување во секоја фаза од производството.

Системи за трајно обележување со точки

SIC MARKING Dot Peen системите овозможуваат трајно, прецизно и неизбришливо означување на метални и пластични делови, со директно втиснување на ознаката во површината на материјалот во форма на точки.

Преносливите уреди овозможуваат трајно означување на големи и тешки делови што тешко се преместуваат. Означувањето се врши директно на местото на нивната употреба или производство. Со ударите на карбидната игла, на површината се испишуваат ознаки како сериски броеви и податоци за идентификација.

Стационарните уреди се монтираат на столб и се наменети за прецизно и повторливо означување делови на работна маса. Прилагодливата висина на главата овозможува работа со делови со различни димензии, што ги прави практично решение за означување поединечни парчиња и за сериско производство.

Dot Peen технологијата овозможува трајно означување на речиси сите материјали со тврдост до 62 HRC, без оглед на нивниот облик, димензии, завршна обработка или сложеноста на апликацијата.

  • Трајно и неизбришливо обележување – Ознаките остануваат читливи во текот на целиот век на траење на производот и се отпорни на абење, корозија и надворешни влијанија.
  • Погодно за различни материјали – Овозможува обележување на метали, пластика и други материјали, вклучувајќи обоени и нетретирани површини.
  • Висока прецизност и квалитет на обележување – Електромагнетната технологија овозможува прецизна контрола на секој отпечаток и конзистентен квалитет на обележување.
  • Прилагодување на длабочината на обележување – Длабочината на втискување може да се прилагоди за да одговара на материјалот и барањата за примена, од плитки до длабоки ознаки.
  • Без потрошни материјали – Технологијата не користи мастило, ленти или етикети, со што значително се намалуваат трошоците за работа и одржување.
  • Лесна интеграција во производствените процеси – Достапни се стационарни, преносни и интегрирани системи за различни производствени потреби.
  • Индустриска сигурност – Дизајниран за долготрајно работење во тешки производствени средини со минимални барања за одржување

Сериски броеви
LOT / Batch број
Датум на производство
Идентификациски броеви
Броеви на делови (Part Number)
VIN ознаки
QR кодови
Data Matrix кодови
Алфанумерички текст
Логоа
Графички симболи

Преносливи Dot Peen уреди
Мобилни системи за означување големи, тешки или неподвижни делови, директно во производството, магацинот или на терен. Идеални се за челични конструкции, големи одливки, цевки, шасии, машински делови и сервисни интервенции. Достапни се изведби со кабел и на батериско напојување, за поголема флексибилност при работа. Трајните ознаки се создаваат со ударите на карбидната игла.

E-Mark EVO
Безжичен пренослив уред со поле за означување од 60 × 25 mm и батерија што овозможува до три часа непрекината работа. Наменет е за означување тешки и големи делови директно на местото на нивната употреба.

E-Mark EVO XL
Безжичен пренослив уред со проширено поле за означување од 120 × 40 mm и батерија што овозможува до три часа непрекината работа. Наменет е за означување поголеми површини на тешки и гломазни делови.

E-Touch EVO
Компактен пренослив уред, тежок само 1,9 kg, со поле за означување од 60 × 25 mm и напојување преку кабел. Екранот на допир овозможува едноставно управување, вклучително и при работа со ракавици.

P63
Робустен пренослив уред со поле за означување од 60 × 25 mm и посебен контролер E10. Наменет е за интензивно означување тешки и гломазни делови, а по избор може да се опреми со засилување на ударот за подлабоки ознаки.

P123
Робустен пренослив уред со посебен контролер E10 и големо поле за означување од 120 × 25 mm, со опција за проширување на 120 × 40 mm. Наменет е за трајно означување тешки и гломазни индустриски делови.

Стационарни Dot Peen системи
Стационарни уреди поставени на столб, наменети за употреба на работна маса. Се користат за означување мали и средни делови со удари на карбидна игла, во работилници и производствени погони. Овозможуваат брзо, прецизно и повторливо означување сериски компоненти, со едноставно ракување.

EC1
Стационарен уред со поле за означување од 120 × 100 mm и вертикален ход на главата до 300 mm. Наменет е за означување мали и средни делови со различни форми и димензии.

C 153
Стационарен уред за брзо и интензивно означување мали и средни делови. Има поле за означување од 160 × 100 mm и рачно прилагодлива висина на главата, за лесно приспособување на различни делови.

C 153 ZA
Стационарен уред со поле за означување од 160 × 100 mm и автоматско моторизирано прилагодување на висината на главата според површината на делот. Наменет е за брзо и интензивно означување мали и средни делови.

C 303
Стационарен уред со особено големо поле за означување од 300 × 150 mm и прилагодлива висина на главата. Наменет е за брзо и интензивно означување мали и средни делови.

🛈 SIC MARKING Dot Peen системите се достапни во различни изведби за да ги задоволат различните производствени барања. Изборот на соодветно решение зависи од материјалот, димензиите на деловите, посакуваната длабочина на обележување и нивото на автоматизација на производствениот процес. Нашите експерти ќе ја анализираат вашата апликација и ќе препорачаат систем кој обезбедува сигурно, трајно и точно обележување со максимална ефикасност и долгорочна исплатливост на инвестицијата.

Интегрирани уреди за обележување и гравирање

SIC MARKING системите за интеграција се наменети за вградување во производствени линии, автоматизирани работни станици и машини, каде што овозможуваат трајно означување на деловите во текот на производствениот процес. Во зависност од материјалот, видот на ознаката и барањата на апликацијата, достапни се решенија со технологија на означување со удари од карбидна игла (Dot Peen) или со врежување (Scribing).

Dot Peen системи
Ознаките ги создаваат со низа удари на иглата во површината на материјалот. Погодни се за означување метални и соодветни пластични делови. Овозможуваат нанесување сериски броеви, податоци за идентификација, логоа и DataMatrix-кодови за идентификација и следливост на производите.

Scribing системи
Ознаките ги создаваат со повлекување на иглата по металната површина, при што се формираат континуирани, јасно читливи линии со ниско ниво на бучава. Особено се погодни за апликации што бараат длабоки и трајни ознаки, како што се означувањето шасии, цевки и конструкциски елементи.

  • Интеграција во автоматизираното производство – Компактните глави за означување и наменските контролери овозможуваат вградување во производствени линии и поврзување со постојните контролни системи.
  • Трајни ознаки и следливост на производите – Директното означување во материјалот овозможува долготрајна идентификација на деловите.
  • Означување рамни, закривени и необработени површини – Dot Peen системите овозможуваат означување со точки на рамни, вдлабнати и испакнати површини, вклучително и на необработени и машински обработени делови. Scribing системите врежуваат јасни, непрекинати линии на текст и логоа.
  • Длабоко означување според барањата на апликацијата – Scribing системите и наменските Dot Peen модели за длабоко означување создаваат ознаки со длабочина приспособена на барањата за читливост по завршната обработка.
  • Пониско ниво на бучава со Scribing технологијата – Врежувањето непрекинати линии овозможува потивка работа од означувањето со удари на игла, особено кај шупливи делови како цевки. Ознаките се јасни и погодни за оптичко препознавање знаци (OCR).
  • Ниски оперативни трошоци – Двете технологии работат без мастило, етикети и ленти за печатење, а потребата од одржување е намалена.
  • Сигурна работа во индустриски услови – Робусната конструкција и заштитата на механизмот, приспособени на конкретниот модел, овозможуваат интензивна работа во тешки производствени услови.

Сериски броеви
LOT / Batch број
Датум на производство
Идентификациски броеви
Броеви на делови (Part Number)
VIN ознаки
Алфанумерички текст и симболи

DOT PEEN модели за интеграција

I53
Уред за означување со поле од 50 × 20 mm, кој може да се вгради во различни положби на автоматизирани линии. Електромагнетниот погон овозможува означување делови со различни форми и површини, без потреба од компримиран воздух.

I83
Уред за означување со поле од 80 × 70 mm, особено погоден за изработка на висококвалитетни DataMatrix и други 2D-кодови на автоматизирани линии, со длабочина на ознаката до 0,5 mm. Како опција се достапни интегриран систем за читање на ознаките и автоматско приспособување на растојанието меѓу главата и делот.

I143
Уред за означување со големо поле од 150 × 100 mm и прецизен електромагнетен погон, наменет за интеграција во автоматизирани линии. Овозможува означување текст, логоа и 2D-кодови на различни површини, со длабочина до 0,5 mm. Достапна е и опција за автоматско приспособување на растојанието меѓу главата и делот.

E-SMART
Уред за означување со поле од 50 × 20 mm и контролер вграден директно во главата, со што се заштедува простор во управувачкиот орман. Наменет е за интеграција во производствени линии, роботски ќелии и CNC-машини. Како опција, може да се напојува со батерија за самостојна работа. Длабочината на означување е до 0,5 mm.

I-SPEED
Уред за означување со ударна игла, со поле од 50 × 20 mm и длабочина на ознаката до 0,5 mm, наменет за производствени линии со голем капацитет. Технологијата на континуирано вибрирање на иглата овозможува брзина до 10 знаци во секунда, што го прави особено погоден за едноставни ознаки при високо темпо на производство.

I124D
Уред за длабоко означување со ударна игла, со поле од 120 × 60 mm и пневматски ударен механизам, кој овозможува длабочина на ознаката до 0,8 mm на стандарден челик. Засилената конструкција и специјално обликуваната игла го прават погоден за тешки автоматизирани процеси и за ознаки што треба да останат читливи по боење или галванизација.

OEM Dot Peen решенија
Во понудата има решенија за производители на машини и систем-интегратори што сакаат да вградат трајно означување во сопствената опрема. Благодарение на компактните димензии и напредните комуникациски интерфејси, лесно се интегрираат во различни автоматизирани системи.

SCRIBING модели за интеграција

I63S
Уред за означување со врежување, со поле од 60 × 30 mm и длабочина на ознаката до 0,5 mm, наменет за интеграција во автоматизирани производствени линии. Пневматскиот погон и заштитената, робусна конструкција овозможуваат брза и интензивна работа со пониско ниво на бучава во споредба со Dot Peen технологијата.

I124S
Уред за означување со врежување, со големо поле од 120 × 60 mm, особено погоден за VIN-ознаки и длабоко означување на автоматизирани линии. Изборот на пневматски клип (Ø30 или Ø50) овозможува приспособување за поплитко или подлабоко врежување, додека засилената конструкција обезбедува сигурна работа при високо темпо на производство и ниско ниво на бучава.

🛈 Изборот на соодветно решение зависи од видот на производствената единица, специфичните барања и потреби. Нашите експерти ќе ја анализираат вашата апликација и ќе препорачаат систем кој обезбедува сигурно трајно обележување, висок квалитет на обележувањето и максимална ефикасност на производството.

Системи за ласерско обележување на компоненти

Ласерските системи за трајно означување на SIC MARKING се прецизно и сигурно решение за идентификација и следливост на производите во индустријата. Бидејќи работат без контакт со производот и без потрошен материјал, овозможуваат брзо и трајно означување метали, пластика и други материјали со сериски броеви, DataMatrix и QR-кодови, логоа, текст и други променливи податоци.

Во понудата има комплетно портфолио ласерски системи – од преносливи уреди за означување големи компоненти на терен, преку ласерски глави за интеграција во производствени линии, до ласерски работни станици што обезбедуваат високо ниво на безбедност, прецизност и продуктивност.

Достапни се ласерски извори од типот Fiber, Green и UV.

  • Трајно и високопрецизно означување без потрошен материјал
  • Исклучително голема брзина на работа и висок производствен капацитет
  • Означување метали, пластика и други индустриски материјали
  • Прецизно означување сериски броеви, DataMatrix, QR и баркодови
  • Лесна интеграција во автоматизирани производствени линии
  • Минимални трошоци за одржување и долг работен век на системите

L-MOOV – рачен пренослив ласер за трајно означување

  • Означување големи и тешки делови – Рачната ласерска глава овозможува означување директно на местото каде што се наоѓа делот, без потреба од негово преместување.
  • Fiber ласер со моќност од 20 или 30 W – За изработка на контрастни натписи, логоа, сериски броеви и 1D/2D-кодови, вклучувајќи QR и DataMatrix-кодови.
  • Ласерска безбедност од класа 1 – Заштитниот систем овозможува работа без ласерски заштитни очила и обезбедува безбедност за операторите и другите вработени.
  • Лесна и ергономска глава – Ласерската глава тежи 2,5 kg, а кабелот е долг 2,4 m, што го олеснува ракувањето и пристапот до местото на означување.
  • Заменливи контактни наставки – Овозможуваат приспособување на различни форми и површини на деловите.
  • Опционална транспортна количка – За лесно преместување на уредот меѓу работните места.
  • Можност за работа со мали делови – Опционалната заштитна комора со моторизирана платформа овозможува уредот да се користи како стационарна ласерска станица.

Ласерски модели за интеграција

F.I.T LASER
Ласерски систем со моќност од 20 до 60 W, со заштитно куќиште и ласерска безбедност од класа 1. Може да се монтира фиксно, на линеарна оска или на робот/кобот. Заменливите контактни наставки и механичката компензација на отстапувања до 15 mm овозможуваат приспособување на формата и положбата на деловите.

I-104 HIGH POWER
Fiber ласер со висока моќност, до 250 W, за длабоко означување, VIN-ознаки и пократки производствени циклуси. Наменет е за изработка на ознаки што остануваат читливи по пескарење, површинска обработка или нанесување премаз. Може да се користи и за текстурирање површини и отстранување изолација од проводници.

i104 EASY
Компактен Fiber ласер со моќност од 20 до 50 W за брзо означување текст, логоа и 1D/2D-кодови на метали и пластика. Овозможува работа со компјутер или директно управување преку PLC, со опционални комуникациски картички за Profinet, Profibus и EtherNet/IP.

i104 HD
MOPA Fiber ласер со моќност од 20 до 100 W и приспособливо траење на импулсите, наменет за прецизно означување со висок контраст. Прецизната контрола на јачината на импулсите овозможува приспособување за чувствителна пластика и алуминиум. Системот овозможува едноставна интеграција и директно управување преку PLC.

🛈 SIC MARKING ласерските системи се достапни како мобилни решенија за производствени линии, интеграциски решенија и како самостојни работни станици, со можност за прилагодување кон специфичните барања на апликацијата. Изборот на соодветниот систем зависи од материјалот, димензиите на производот, брзината на производство и нивото на автоматизација на процесот. Нашите експерти ќе ги анализираат вашите потреби и ќе препорачаат решение кое обезбедува точно, трајно и економично обележување со максимална сигурност и долгорочна исплатливост на инвестицијата.

Ласерски работни станици

Ласерските станици SIC MARKING претставуваат комплетни решенија за индустриско ласерско обележување на производи и компоненти во контролиран и безбеден работен простор. Интегрираниот ласерски систем, работната површина и заштитното куќиште овозможуваат сигурно обележување на сериски броеви, текстови, логоа, баркодови и 2D Data Matrix кодови директно на производот.

Во зависност од димензиите и карактеристиките на производот, достапни се различни конфигурации на работни станици – од компактната L-BOX станица, до малку поголемата XL-BOX станица, па сè до XXL-BOX решението за обележување на големи и барачки индустриски компоненти. Модуларната конструкција овозможува додавање на ротациони оски, системи за читање кодови, 3D модули, фиоки и други елементи според специфичната примена

  • Безбедно работење – Класа 1 – Затворените ласерски станици овозможуваат безбедно работење во согласност со стандардот EN 60825-1.
  • Прецизно и трајно обележување – Погодно за текст, сериски броеви, баркодови и 2D Data Matrix кодови.
  • За мали и големи компоненти – Различните големини на станиците овозможуваат обележување на делови со различни димензии.
  • Модуларна конфигурација – Можност за додавање оски, ротирачки маси, читачи на кодови, 3D системи и друга дополнителна опрема.
  • Лесно позиционирање на делови – Работната зона и системите за фокусирање овозможуваат прецизно прилагодување на положбата за обележување.
  • Можности за автоматизација – Станиците можат да се поврзат со производствени линии и роботски ќелии за автоматско вчитување, обележување и инспекција на делови.

SIC MARKING L-BOX
Компактна ласерска станица од класа 1 со LED-осветлување на работната зона и рачно или моторизирано приспособување на работното растојание. Максималната висина на делот е 223 mm, а максималната должина е 440 mm.

SIC MARKING XL-BOX
Целосно затворена ласерска станица од класа 1 со поголема работна зона, автоматски безбедносни врати, интегрирано LED-осветлување и Fiber ласер со моќност од 20 W. Достапна е и конфигурација со моќност од 30 W. Максималните димензии на делот зависат од конфигурацијата, а должината може да биде до 570 mm.

SIC MARKING XXL-BOX
Модуларна ласерска станица од класа 1, достапна во ширини од 800, 1200 и 1600 mm, со Fiber ласер со моќност од 20 до 100 W. Може да се конфигурира со оски, ротациона маса, фиока, читач на кодови и 3D-модул. Наменета е за означување делови со максимална висина до 520 mm и длабочина до 820 mm.

🛈 SIC MARKING ласерските станици се достапни во различни конфигурации и можат да се прилагодат на димензиите на производот, методот на вчитување и барањата на процесот на производство. Покрај стандардните конфигурации, можно е да се интегрираат ротациони оски, автоматски фиоки, системи за читање и верификација на кодови, 3D означување, екстрактори и друга дополнителна опрема. За да ја изберете соодветната станица, ласер и оптика, препорачуваме да се консултирате со нашите експерти врз основа на специфичниот производ и примена.

Побарајте консултација!

Опишете ни ги вашите потреби.

Ќе ве контактираме во најкраток рок со предлог-решение или понуда.

Kontakt forma