Преносни мобилни терминали (Handheld terminals)
Компактни уреди со интегриран скенер за баркод, екран на допир и оперативен систем Android. За магацини, производство, дистрибуција, малопродажба, контрола на залихи
PDA мобилни терминали
Лесни и преносни уреди наменети за брз пристап до деловни апликации и мобилна работа. За логистика, транспорт, прием на стока, теренска работа и сервисни апликации
Мобилни терминали со рачка за пиштол (Gun grip)
Ергономски додаток за интензивно скенирање на голем број артикли за време на смена. За големи магацини, подигање нарачки, дистрибутивни центри и логистички системи со висок проток на стока
Индустриски робусни терминали
Зајакната конструкција со висока заштита од прашина, вода, удари и екстремни температури. За производствени погони, автомобилска индустрија, метална индустрија, ладилници и индустриски средини со високи барања
Терминали за магацински операции
Оптимизирани за WMS системи, управување со локација и контрола на залихи. За логистички центри, магацини на готови производи, дистрибутивни системи
Терминали за возила (Vehicle mounted terminals)
Терминали за монтажа на виљушкари и транспортни возила, наменети за постојана работа во движење. За големи магацини, дистрибуција, ракување со стока со употреба на виљушкари
Мобилни компјутери за производство
Уреди прилагодени за работа со производствени линии и следење на процесите За следење на материјали, производствени нарачки, контрола на квалитет и следливост на производи
Терминали за работа на отворено
Робусни уреди со екрани прилагодени на различни услови на осветлување и работа на терен За транспорт, логистика, комунални услуги и теренски апликации