Индустриските камери и сензори се интелигентни системи за машински вид кои ги анализираат производите во реално време и автоматски донесуваат одлуки врз основа на однапред дефинирани критериуми. Се користат за контрола на квалитетот, проверка на присуството и положбата на компонентите, читање кодови, мерење димензии, водење роботи и бројни други примени во индустриската автоматизација.
Системите за визуелна инспекција и сензорите за мерење овозможуваат автоматска контрола на секој производ во реално време. Со употреба на индустриски камери, напредна обработка на слики и прецизни сензори, можно е сигурно да се откријат отстапувања што би останале незабележани при рачна контрола. Автоматизираната инспекција ја зголемува сигурноста на производството, го намалува бројот на рекламации и овозможува постојан квалитет без забавување на производната линија.












