Интерстаб инженеринг дооел е компанија која застапува врвни светски производители на индустриска опрема.
Интерстаб инженеринг е официјален застапник на компаниите:
- Markem-Imaje Business Group, светски лидер во производството на системи за маркирање и следливост во производството и
- SMC pneumatics, светски лидер во производството на пневматика
Целта на компанијата во делот на индустриско маркирање е да предлага решенија на своите клиенти кои ќе претставуваат најефективните средства за идентификација во производството по целата производствена линија, од примарно пакување, до кутии и палети, со користење на најновите технолошки достигнувања и да гради комплексни решенија за маркирање и кодирање, во согласност со специфичните потреби на секој производител. Застапени сме во следните индустрии
- Храна
- Пијалаци
- Козметика
- Фармација/Медицина
- Екструдирање, електроника, електротехника
Инк-џет мастилни принтери, термо-траснферни, ласерски, апликатори се само дел од асортиманот на производи кои ги нудиме на македонскиот пазар.
Во делот на индустриската пневматика претставници сме на компанијата SMC која е светски лидер во производството на пневматски компоненти.
SMC е Вашиот компетентен партнер во областа на индустриската пневматика. Компанијата заедно со клиентот разработуваат индивидуални решенија за пневматски и електрични системи.
Дел од опремата на SMC вклучува цилиндри, разни типови на вентили, распоредници, припремни групи, фитинзи, вакуум елементи, сензори, како и автоматизирани системи и контролери. Како резултат, нашите системи гарантираат оптимална интеракција меѓу пневматика, роботика, хидраулика и електроника.
Интерстаб инженеринг предлага автоматизирани решенија за потребите на многу индустрии како што се прехранбената, индустрија за пијалаци, фамрацевтската, електро-индустријата, автомобилската индустрија, како и LifeScience иновации.
На своите клиенти им нудиме сервисна поддршка 24/7 со сертифицирани сервисни инженери, основна или напредна обука за користење на производите која се одржува во просториите на Интерстаб инженеринг или кај клиентот, испорака на потрошни материјали и резервни делови, демонстрации и проби, изнајмување на опрема, технички консултации.
Канцелариите, сервисната база и магацинот ни се лоцирани во Скопје.