ВРАБОТУВАЊЕ

Сервисер

Интерстаб инженеринг е компанија со седиште во Скопје која работи во областа на индустриската опрема и е официјален застапник на реномираните брендови:

– Markem-Imaje, светски производител на системи за маркирање и следливост во производствотo,

– SMC pneumatics, светски производител на индустриска пневматика.

 

Заради зголемениот обем на работа имаме потреба од сервисер за инсталација и одржување на системите за индустриско маркирање од брендот Markem-Imaje.

 

Профил на работната позиција:

 

-       Сервисирање и одржување на системите за индустриско маркирање.

-       Инсталација на системи за индустриско маркирање

-       Комуникација со постоечки клиенти

-       Комуникација со добавувачот во поглед на технички прашања

-       Техничка подршка

-       Дијагностицирање и решавање на технички проблеми

 

Потребни квалификации:

-       Техничко образование – ССС или ВСС (електро или машински смер)

-       Претходно работно искуство во одржување на индустриска опрема

-       Возачка дозвола Б-категорија

-       Одлични комуникациски вештини

-       Добро познавање на англиски јазик

-       Спремност за чести патувања

-       Одлично познавање на компјутерски програми (MS Office)

-       Високо ниво на прецизност

 

За предност ќе се смета:

-       ВСС електроили машински смер со работно искуство во одржување на индустриска опрема

-       Познавање на компјутерски програми (MS Office)

 

 

 

Ние нудиме:

-       Средина со висока професионалност

-       Динамична работна атмосфера

-       Одлични услови за работа

-       Можност за учење и надоградување

-       Обука во официјален тренинг центар

-       Фиксни примања плус бонуси.

 

 

Сите заинтересирани кандидати потребно е да испратат CV и мотивационо писмо на contact@interstab.mk, најдоцна до 17.04.2013.

На разговор ќе бидат повикани кандидатите кои влегуваат во потесен избор.

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рок од 1 месец по затворањето на огласот.

 

www.Interstab.mk

Comments are closed.