MARKEM-IMAJE

Markem-Imaje Маркем-Имаж (Markem-Imaje) е познат светски производител на решенија за маркирање на производи и следливост во производството, нудејќи индустриски принтери за секој дел од производствената линија, сигурни и иновативни инк-џет, термално трансферни, ласерски, принтери со апликатори и RFID базирани системи. Маркем-Имаж испорачува потполно интегрирани решенија кои овозможуваат квалитет и сигурност на продуктот, регулаторна и малопродажна усогласеност и подобрување на производствените услови. Маркем-Имаж е распостранет насекаде во светот, преку 30 субсидиерни компании кои опслужуваат повеќе од 40 000 клиенти со оптимални решенија за маркирање и кодирање. Дополнително, клиентите на Маркем-Имаж се подржани од 6 R & D центри, неколку сервисни и … Continue reading

SMC

Во текот на изминатите 45 години,производите на SMC се етаблираа како признат интернационален бренд преку продажба, техничка подршка, испорака и пост-продажни услуги на светскиот пазар. Продажбата се зголеми за да се постигне целта на “Global 30″, во моментов SMC држи 30% удел на светскиот пазар. Подружници и заеднички вложувања се поставени во вкупно 78 земји, вклучувајќи ги и 8 во Северна и Јужна Америка, 19 во Европа, 9 во Азија и 2 во Океанија. Фабриките се лоцирани во 8 земји, вклучувајќи ги САД и Канада. Покрај тоа, продажната мрежа се протега низ 49 земји.

ALFA-stabil

Стабилинженеринг – Алфа е основана во 1997 како инженеринг компанија во Пловдив,
Бугарија и произведува главно опрема за прехранбена и биотехнолошка индустрија. Во
млечната индустрија, Стабилинженеринг – Алфа гради мали и средни фирми за производство
на јогурт, кашкавал и разни типови на сирење. Главниот дел од опремата за примање и
складирање на млекото, како и термички и технолошки третман и чистење на местото на
инсталацијата и цевките се произведува во производствениот погон во Пловдив.